Момче на 23 годишна возраст, кое било затвореник во затворот “Скопје“, починало завчера во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Се работи за С.Р. од Скопје, а како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, тоа било пренесено таму со влошена здравствена состојба.
Неговото тело е дадено на обдукција за да се утврдат причините за смртта.
Фото: Унсплеш














