Зошто сите починати од западно-нилска треска се мажи?

Бројот на починати од западно-нилска треска во Македонија годинава се искачи на седум.

Оваа е значителен број, имајќи го во предвид податокот на Институтот за јавно здравје, дека од 2011 година кога во Македонија бил регистриран вирусот до 2025 година имало само пет починати лица.

Годинава сите починати се мажи и се од Скопје.

Тие се на возраст од 62 до 83 години.

Досега морбидитетот во Македонија е 3,7 : 1 однос мажи – жени.

Министерот за здравство, Сашо Клековски, вчера даде свое објаснување зошто сите починати годинава се мажи.

Според него тоа било демографска карактеристика забележана и во големи светски студии, каде што стапката на заболување со невроинвазивна форма и смртноста е значително поголема кај машкиот пол.

„Најголемата студија е во Америка на над 3.000 случаи. Во таа студија е јасно дека и морбидитетот, односно стапката на заболување со невроинвазивната форма, и смртноста е поголема кај мажите“, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еден од починатите од западно-нилска треска немал други заболувања

Која болест била регистрирана кај починатите од западно-нилска треска

Детален преглед: Каде има заболени со западно-нилска треска во Македонија

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести