Во Македонија годинава досега има четири смртни случаи од западно-нилска треска.
Како што информираа од Институтот за јавно здравје, кај сите, е регистрирана невроинвазивна болест – енцефалитис и/или менингитис.
Дијагнозата е потврдена со серолошко испитување на ликвор.
Сите се мажи на возраст од 62 до 83 години, од Скопје.
Кај три од починатите лица се регистрирани коморбидитети.
Биле хоспитализиран во ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Не сите ги читаат: Граѓаните почнаа да добиваат СМС пораки за заштита од убоди на комарци
Не допирајте мртва дива птица, кои како и комарците се преносители на западно-нилска треска
Како се пренесува и кои се симптоми на западно-нилска треска
Фото: МЗ














