Не сите ги читаат: Граѓаните почнаа да добиваат СМС пораки за заштита од убоди на комарци

Граѓаните во загрозените подрачја во Македонија почнаа да добиваат СМС пораки за лична заштита од убоди на комарци, кои се преносители на западно-нилска треска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кулекс-комарецот еден од најзастапените во Македонија може да пренесе западно-нилска треска

Како што информираа од Министерството за здравство, вчера биле испратени 6.526 пораки.

Испраќањето започнало во скопската општина Петровец каде биле испратени 1.554 пораки, а потоа продолжило во скопската општина Гази Баба.

Дополнително ќе бидат испратени уште 31.365 пораки или вкупно се планирани околу 38.500 пораки.

Онаа што е интересно е дека до 70% од доставените пораки се прочитани од граѓаните и тие го посетиле линкот со дополнителни информации содржан во пораката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не допирајте мртва дива птица, кои како и комарците се преносители на западно-нилска треска

Како се пренесува и кои се симптоми на западно-нилска треска

Како да се заштите од болести кои се пренесуваат преку комарци

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести