Денеска караванот „Силно светнал ден“ во Крушево, следните денови во Куманово, Штип и Прилеп

По Охрид, Битола и Велес, караванот „Силно светнал ден“, кој е во склоп на обележувањето на 35 години од независност на Македонија, денеска продолжува во Крушево.

Настанот ќе започне во 20:30 часот на Плато Гумење.

Утре караванот е во Куманово, настанот ќе биде на плоштад, во вторник ќе патува во Штип, настанот исто така ќе биде на плоштадот, а во среда е во Прилеп, на плоштадот „Методија Андонов – Ченто“.

Настанот кој опфаќа повеќе од 100 македонски уметници на една сцена, е бесплатен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести