(Видео) Туристи скокаа од храмот „Св. Никола“ во Маврово, јавноста згрозена

На социјалните мрежи масовно се споделува видео и фотографии на кои се гледа како туристи скокаат од храмот „Св. Никола“ во Маврово.

Како што предупредува Тони Цаловски, кој ги објави истите на Фејсбук, освен што чинот е непочитување на верата, традицијата и културата, ваквото однесување може да доведе и до оштетување на самиот објект.

Тој ги повикува надлежните институции да реагираат, а фотографиите и видеото веќе предизвикаа бура од негативни реакции на социјалните мрежи.

Фото: Цаловски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести