Бројот на заболени со западно-нилска треска во Македонија се искачи на 11, а за уште три лица има сомнеж дека се заразиле со вирусот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На механичка вентилација се двајца пациенти со западно-нилска треска
Истиот не се пренесува од човек на човек, туку од каснување од комарец.
Повеќе видови на комарци можат да бидат преносители, а меѓу нив е и кулекс-комарецот, кој е еден од најприсутните во Македонија, објасни за телевизијата Сител, епидемиологот и раководител на Одделот за епидемиологија на заразни заболувања во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Драган Кочински.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како се пренесува и кои се симптоми на западно-нилска треска
Фото: Унсплеш














