Во првите шест месеци од годинава Градски трговски центар (ГТЦ) АД Скопје остварил добивка од 4.092 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
-Добивката е минимална поради каматирањето на трошоците за топлинската енергија за задоцнето плаќање за претходната 2025 година и исплатата на јубилејните награди на вработените кои се законска обврска според Колективниот договор на Друштвото, а се однесуваат за 2023, 2024 и 2025 годна, а исплатата е во месец јануари 2026 година, што исто така доведе да се намали ликвидноста со која располага Друштвото.
Имаме и зголемување од 2% на трошоците за плата согласно новите измени во законот за минимална плата објавени во Службен весник на РСМ. Друштвото мораше да направи усогласување со новата минимална плата на оние кои се во поголем број со систематизацијата на работни места и политиката на плати, да им се утврди плата почнувајќи од минималната плата со најнизок степен на сложеност на трудот, велат од таму.
Друштвото остварило вкупни приходи во износ од 135.670 илјади денари што преставува зголемување од 7% во однос на истиот период од претходната 2025 година.
-Растот на приходите се должи пред се на зголемените приходи од паркиралишта и сообраќајни услуги, приходи од комуналии, подобрена искористеност на конференциските капацитети, како и значително зголемување на финансиските приходи, велат од таму.
Вкупните расходи изнесуваат 131.578 илјади денари, што претставува зголемување од 9% во однос на претходната година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Орка холдинг ја купи Евро – Азија во ГТЦ














