ГТЦ лани ја намалил загубата

Градски трговски центар (ГТЦ) АД Скопје лани остварил загуба пред оданочување од 18.381.098 денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

Споредено со 2024 година Друштвото ја намалило загубата за околу 6 милиони денари или околу 25%.

Во овој период Друштвото остварило вкупни приходи од 268.929.218 денари, кои се зголемени за 2,7% споредено со претходната година.

Вкупните расходи изнесуваат 287.310.316 денари и се зголемени за 0,37%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како работел ГТЦ во првите девет месеци

Колку пари лани заработил ГТЦ од закуп на деловен простор и паркингот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести