На механичка вентилација се двајца пациенти со западно-нилска треска

Моментално во Македонија се хоспитализирани седум пациенти со западно-нилска треска, а двајца од нив се во критична состојба и се на механичка вентилација.

Тие се сместени на ЈЗУ Универзитетска Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби.

Информацијата денеска ја соопшти директорот на Клиниката, д-р Фадил Цана.

Лицата кои се во критична состојба се на возраст од 76 и 66 години. Се лекуваат на Одделот за интензивна нега.

Останати се постари од 60 години и имаат повеќе коморбидитети. Тие се во стабилна состојба и се лекуваат според современите медицински протоколи.

Сите седум хоспитализирани лица се од скопски населби, а само еден од нив неодамна престојувал во Грција.

Уште три лица од Скопје се примени со дијагноза акутно воспаление на мозокот и мозочната обвивка. Се чекаат лабораториски резултати од Институтот за јавно здравје за да се утврди дали се заразени со вирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како се пренесува и кои се симптоми на западно-нилска треска

Цана предупреди дека кај пациентите со западно-нилска треска може да дојде до нагло влошување на здравствената состојба, поради што е неопходна хоспитализација и постојан медицински надзор.

За ова вирусно заболување не постои специфична терапија, туку лекувањето е насочено кон ублажување на симптомите и обезбедување поддршка на виталните функции, согласно светските медицински протоколи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бројот на заразени со западно-нилска треска се зголеми на 11: Како да се заштите од болести кои се пренесуваат преку комарци

Маларија, денга, зика и западно-нилска треска: Под засилена опсервација четири заболувања во Македонија

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести