Во Македонија во периодов под засилена опсервација ќе бидат четири заболувања: маларија, денга, зика и западно-нилска треска.
Годинава има регистрирано четири случаи на маларија, три случаи на денга, еден случај на зика и осум случаи на западно-нилска треска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пет случаи на западно-нилска треска се регистрирани во јули, а два во јуни.
Како се пренесува западно-нилска треска
Луѓето најчесто се заразуваат по каснување од заразен комарец.
Болеста од човек на човек не се пренесува, ако се исклучи можноста за пренесување преку трансфузија и трансплантација.
Станува збор за вектор-пеносливо вирусно заболување предизвикано од West Nile Virus (WNV) кое се одржува преку еден ензоотски циклус меѓу комарците (Culex, Aedes) и птиците (најчесто дивите).
Луѓето и коњите се случајни, крајни домаќини на заболувањето. Инфекцијата помеѓу нив се пренесува преку комарците.
Кои се симптомите
Периодот на инкубација вообичаено трае од 3 до 14 дена.
Околу 80% од инфекциите кај луѓето поминуваат без манифестација на симптоми.
Останатите 20% симптоматски инфекции, најчесто се манифестираат како треска која поминува сама од себе, а помалку од 1% од WNV-инфекциите кај луѓе се манифестираат со сериозни форми, со тешка клиничка слика и се потенцијално смртоносни (пр. воспаление на мозокот, воспаление на мозочните обвивки или појава на парализи).
Како се лекува
Не постои специфична терапија, а третманот воглавно е насочен кон лекување на симптомите.
Соодветната интензивна медицинска нега дава можност за поголемо преживување на заболените со тешки форми.
Кај тешките случаи, стапката на смртност е од 3-15% и се зголемува кај повозрасните.
Опоравувањето кај потешките форми е долготрајно, со перзистентен умор, слабост на мускулатурата, тешко одење, загуба на помнењето, депресии и слично.
Не постои вакцина за луѓето.
Најдобар начин за превенција е избегнување на убод од комарци кои се преносители на заболувањето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови случаи на западно-нилска треска во Македонија
Фото: МЗ














