Рудници Бањани во првото полугодие со добивка и зголемени приходи

Рудници Бањани АД Скопје во првите шест месеци од годинава остварил нето добивка по оданочување од 3.093.00 денари, информираа од таму преку Македонската берза.

Друштвото остварило вкупни оперативни приходи од 38.544.000 денари, од кои приходите од продажба изнесува 37.423.000 денари.

-Во споредба со истиот компаративен период во 2025 година, приходите од продажба и на домашниот и на странските пазар се зголемени, поради зголемениот обем на продажба, велат од таму.

Вкупните оперативни расходи изнесуваат 33.793.000 денари, и се помали во споредба со истиот период од минатата година.

-Се забележува зголемување на трошоците за вработените, како и на трошоците од работењето (како резултат на поголемите трошоци за концесија поради повисоката реализација), а се намалени
трошоците за суровини и материјали, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рудници Бањани лани со добивка

Рудници Бањани откупи 173 сопствени акции

Рудници Бањани ќе дели дивиденда од 30 денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести