Момче на возраст од 17 години и неговиот 51-годишен татко – А.А., загинаа во сообраќајна несреќа која се случила денеска во утринските часови на локалниот пат населба Илинден – село Миладиновци, кај базата Брест.
Тие починале на лице место, а во несреќата тешко е повредена и 17-годишната ќерка.
Како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, до несреќата дошло откако се судриле патничко возило „опел корса“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Ф.Т. (19) од кумановското село Агино Село и патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки управувано од починатиот А.А..
Со тешки телесни повреди се здобиле и Ф.Т. и неговиот сопатник Д.Б. (19) од Агино Село.
Сите повредени биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Телата на починатите се предадени во Судска медицина за обдукција.
Фото: Унсплеш














