На Листата на должници на Управата за јавни приходи за септември има 2.008 должници – правни лица (повеќе за 2 од претходната листа) и 3.232 физички лица (повеќе за 38 од претходната листа).
Тие должат за данок на додадена вредност, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
Вкупно објавениот нето долг изнесува 13.641.590.644 денари, (повеќе за 448.069.273 денари од претходната листа).
Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 13.458.337.534 денари, (повеќе за 460.042.264 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 183.253.110 денари (помалку за 11.972.991 од претходната листа).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ














