Секој дел од денот носи поинаква желба за вкус. Грекос лесно се вклопува во различни моменти, како избор за појадок или ужина, како дополнување на омилениот оброк или како состојка што отвора простор за нови идеи во кујната.
Богатиот вкус и густата, кремаста текстура се препознатливата основа на Грекос. Вистинската посебност, сепак, се открива во слободата да се комбинира и користи на различни начини, во согласност со навиките, моментот и личната инспирација.
Наутро или во кратката пауза меѓу обврските, Грекос може да се консумира самостојно или да се надополни со овошје, житарки и јаткасти плодови. Со само неколку додатоци, секој може да создаде комбинација што одговара на личниот вкус и дневното темпо.

Во солените рецепти добива сосема поинаква улога: станува основа за преливи и сосови, внесува свежина во салатите и го заокружува вкусот на главните јадења. Кремастата текстура им дава полнотија и на едноставните комбинации, а истовремено остава простор за креативност.
Кога изборот е нешто слатко, Грекос лесно се претвора во нежен крем, топинг или дел од десерт што се подготвува брзо, а сепак остава впечаток. Така, познатиот вкус секогаш може да биде основа за поинакво кулинарско доживување.
Класичните, овошните, High Protein и солената варијанта, заедно со различните формати на пакување, нудат избор за различни потреби и пригоди. Индивидуалните пакувања го следат динамичниот ден, а поголемите отвораат повеќе простор за рецепти и споделување. Од првата лажица наутро до последниот детаљ во омиленото јадење, Грекос овозможува вкусот секогаш да се доживее на нов начин.
Грекос – Вкус на кој му веруваш.
ПР-објава














