Македонија по пет години пауза се враќа на Евровизија, која следната година ќе се одржи во Бугарија.
Засега не е познато како ќе се избира нашиот преставник, а првиот човек на Македонската радио телевизија, Зоран Ристоски, најави дека тој ќе се избира на поинаков начин од досега.
Изминативе години македонски преставник се избираше од повеќе кандидати преку конкурс, а земјата ја преставуваше и победникот на Скопскиот фестивал.
Од онаа што досега објавија медиумите (а дел од музичарите и сами најавија интерес), во трката може да се вклучат Brass Brothers, Антониа Гиговска, Боби Андонов…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По пет години Македонија се враќа на Евровизија која ќе се одржи во Бугарија
Фото: Унсплеш














