Концерт на Fließgewässer, Amplidyne Effect, Bellairsia Gracilis и Горан Лончаревиќ

Kонцерт на четири автори и проекти кои работат во полето на експерименталната, амбиенталната, електронската и импровизираната музика ќе се одржи nа 21 август, во С.Ц. Дуња. На концертот ќе настапат музичари од Италија, Германија, Србија и Македонија.

Концертот започнува во 20 часот, а влезот е со донација.

Вечерта обединува различни пристапи кон создавањето музика, од минималистички амбиент и генеративна електроника, преку електроакустична композиција и жива импровизација, до ноиз, NoFolk и панк.

„Fließgewässer“ (алијас на личниот звучен израз на Хајнцел) е намерно мистериозна и разиграна музика, настаната од случајни разговори за една генерално неизвесна иднина, која секогаш нè принудува да импровизираме и бара да се приспособуваме на нашето опкружување.

Жанровски, музиката осцилира меѓу амбиент, NoFolk, noise и punk. По периодот поминат во една крајност – години на (креативна) изолација и интроспекција – сега следи свртување кон другата крајност: станување мал дел од нешто поголемо – примери за тоа се EGO и Gamelan Barasvara.

Amplidyne Effect е музички проект на Мартин Георгиевски, активен од 2009 година и познат по амбиентална, електронска и генеративна импровизирана музика. Проектот настапува во различни формации, има издадено повеќе албуми и има настапувано на фестивали како Pohoda Festival, Десонанз, Live Soundtrack, PNEM Sound Art Festival и многу други.
www.ampeff.com

Bellairsia Gracilis // Material Glitch – кодира жива композиција и импровизација, каде што луповите од електроакустични и дигитални извори се мешаат, се преклопуваат и меѓусебно се поништуваат.

Горан Лончаревиќ компонира современа минималистичка амбиентална музика, истражувајќи ја „репетитивната звучност“ – граничниот простор меѓу музиката како звук и звукот како музика.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести