Почина хрватската писателка Ведрана Рудана, омилена и на македонската публика

По долга и тешка борба со ракот, почина хрватска писателка, новинарка, колумнистка, критичарка и активистка Ведрана Рудан (77), кои свои фанови во пишаниот збор имаше и помеѓу македонската публика.

„Ведрана отиде на подрачје без сигнал,“ беше објавено на нејзината официјална страница.

Рудан отворено зборуваше за својата болест, редок облик на рак на желудoчен канал, нагласувајќи често дека „тивко умира“. Предизвиците со болеста со кои се соочуваа таа и нејзините најблиски, негата која ја добива од нив, условите во кои се лекува, стравовите, беа честа тема на нејзините колумни, гостувања на телевизија како и на нејзиниот блог rudan.info.

Последната колумна ја посвети на медицинските сестри на онкологија во болницата во Ријека, каде што се лекуваше. Пишувајќи за условите во кои работат, нагласи дека да е богата, дала би им се што има.

Во нејзин препознатлив стил на пишување и говорење со „ без влакна на јазикот“, Рудан во колумната порача:

„Како не разбирате, слепци! Идни болесници! Излезете на улица и со сите сили борете се против државата која е рак за Хрватска.“

Рудан има објавено 17 книги-романи, збирки текстови и автобиографија преведени на англиски, унгарски, словенечки, полски, француски, италијански, руски и на македонски јазик. Според нејзините книги се драматизирани театарски претстави кои играле во Ријека, Загреб, Белград, Варшава, Лондон, Санта Моника и Будмипешта.

Меѓу нејзините најважно романи се дебитантскиот со кој го привлече вниманието на публиката „Уво, грло нож“ (2002), „Љубов на последен поглед“ (2003), „Црнци во Фиренца“ (2006) „Да даде Господ мајка да те роди“ едно од нејзините најпознати дела, посветено на сложениот конфликт помеѓу мајка и ќерка како и „Доживотна робија“ (2016).

Фото/Службена страница на Ведрана Рудан на Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести