Орхан Муртезани е новиот македонски амбасадор во НАТО.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Орхан Муртезани нов амбасадор на Македонија во НАТО
Претходно беше министер, како и директор во државни претпријатија, а работел и во приватниот сектор.
Кој е Муртезани
Роден е на 15. октомври 1984 година во Скопје.
Дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Образованието го продолжил на Универзитетот “Мармара“ во Истанбул, каде што завршил последипломски студии.
Зборува и турски и англиски јазик.
Политичка кариера и работно искуство
Неговата професионална кариера започнува во 2015 година кога станал директор на Центарот за демократија и развој, позиција која ја врши до 2017 година.
Од 2016 година, пак, е и портпарол на Алтернатива, која сега е дел од новата партија Вреди.
Во 2019 година е назначен за генерален директор и претседател на Управниот одбор на државното акционерско друштво Железници на Македонија – Транспорт, позиција која ја извршува до октомври 2020 година.
Во периодот од 2020 до 2021 година е соосновач и директор на приватната транспортна компанија Оки транс логистикс ДОО.
Од декември 2021 до март 2023 година е генерален директор и претседател на Управниот одбор на државното акционерско друштво МЕПСО.
Во јуни 2024 стана министер за европски прашања.
Во декември 2025 година беше разрешен од функцијата министер, и беше избран за советник на премиерот Христијан Мицкоски.
Фото: Муртезани/Фејсбук














