Ленче Ристоска отпадна, кој останува во трката за нов државен јавен обвинител

Тројца кандидати остануваат во трката за нов државен јавен обвинител, откако обвинителката Ленче Ристоска отпадна.

Ристоска јавно ја исклучи премиерот Христијан Мицкоски, а таа му порача дека изборот мора да биде заснован на квалитет, а не на подобност.

Сега Владата треба да избере еден од тројцата кандидати кои останаа во игра.

Станува збор за Анита Тополова Исајловска, која моментално е в.д. државен обвинител, обвинителката Лидија Раичевиќ и судијата Ненад Савески, кој е поранешен обвинител.

Од трката претходно отпадна и судијата Владимир Панчевски.

Кандидатот кој ќе го избере Владата ќе треба да биде изгласан во македонското Собрание.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Анита Топалова Исајловска, која е избрана за в.д. државен јавен обвинител

Каков имот пријавила Анита Топалова Исајловска, која е избрана за в.д. државен јавен обвинител

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести