Како работел Современ дом лани

Нето добивката на Современ дом АД Прилеп лани изнесувала 15.842 илјади денари и истата е намалена за 28% споредено со претходната година кога изнесувала 22.000 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

-Вкупната сеопфатна добивка за период јануари – декември 2025 година е 1.343.982 илјади денари.

Ова зголемување на сеопатната добивка се должи на фактот што со состојба 31.12.2025 година извршено е повторно мерење на објективната вредност на вложувањата во недвижности од страна на овластен проценител и разликите од претходната состојба се евидентирани во сеопфатната добивка и ревалоризационите резерви согласно МСС 16. Претходното мерење на објективната вредност е со состојба 31.12.2020 година, велат од таму.

Остварените вкупни приходи во овој период изнесуваат 100.102 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2024 година бележат намалување од 12%.

Оперативните приходи се намалени за 12%.

-Друштвото во континуитет реализира стабилни приходи од издавање на деловен простор и недвижности со тенденција значајно да ги подобрува севкупните деловни резултати преку издавање на севкупниот недвижен имот расположлив за издавање.

Финансиските приходи изнесуваат 1.246 илјади денари и се зголемени споредбено со 2024 година за 47% кога истите изнесувале 847 илјади денари, велат од таму.

Остварените вкупни расходи изнесуваат 83.452 илјади денари и во споредба со истиот период од 2024 година бележат намалување од 9%.

Оперативни расходи се намалени за 12%.

-Финансиските расходи изнесуваат 12.783 илјади денари и во споредба со 2024 година бележат зголемување за 13%, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прилепски Современ дом со зголемена добивка во првото полугодие

Современ дом со раст на добивката во првите девет месеци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести