Уапсен директорот на Државниот инспекторат за земјоделство

Неофицијално за поткуп од околу 50 илјади евра, синоќа е уапсен актуелниот директор на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, јавија повеќе медиуми.

Тој неофицијално е фатен при примање поткуп, во акција на Министерството за внатрешни работи (МВР) и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).

Акцијата ја потврдија од ОЈО ГОКК, од каде посочија дека истата е за кривични дела од коруптивна природа.

Анакиев е потпретседател на Социјалистичката партија на Македонија (СПМ), а в.д. директор на Државниот инспекторат за земјоделство е од јули 2024 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Барал 100 илјади евра за да дозволи увоз на стока: Обвинителството со детали за апсењето на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство

Социјалистичката партија се огласи по апсењето на Анакиев, директорот на Државниот инспекторат за земјоделство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести