Иран погуби познат борач, во затвор се над 100 спортисти, кои се мачат и силуваат

Деновиве во Иран со бесење беше погубен 19-годишниот Салех Мохамади, познат борач и национален талент во подем, која ја преставувал земјата и на меѓународни натпревари.

Тој беше уапсен во антивладините протести во Иран во јануари, а под тортура и без судење, како и други две млади лица мораше да признае дека учествувал во убиство на безбедносен службеник иако имаше алиби.

Светските медиуми пренесуваат дека по протестите во иранските затвори се над 100 спортисти, кои подлежат на физичка торутура, но и силување.

Пред неколку дена поради страв, бидејќи не ја пееја иранската химна на натпревар на женскиот Куп на Азија во фудбал, дел од иранската репрезентација, не се врати дома и доби азил во Австралија, каде се одржуваше купот.

Не е позната судбината на тие што се вратија дома.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД и Израел ги бомбардира, иранскиот режим ги убива, апси и силува: Иранчаните сардисани од сите страни

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести