Цената на нафтата и гасот ќе расте и по војната во Иран

Цената на нафтата и гасот во последните три недели откако САД и Израел го нападнаа Иран, а конфликтот се прошири во сите земји од Блискиот Исток, драматично расте, а светот како резултатот на тоа се соочува со повисока инфлација и помал економски раст.

Последиците веќе се чуствуваат во приходите од продажба на нафта и гас, туризмот, недвижностите, авионскиот сообраќај…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цената гасот не престанува да расте

Никој незнае кога војната ќе заврши, а освен блокадата на Ормутскиот теснец, глобално еден од клучните морски премини, дополнителна причина за растот на цените на нафтата и гасот е што Иран погоди неколку нафтени и гасни капацитети во Израел, Саудиска Арабија, Кувајт, Катар, Бахерин…, а Израел во Иран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цената на нафтата повторно ита кон 120 долари, моментално е 113

За да се поправат штетите кај дел од овие капацитети ќе треба и до пет години, за да можат истите да функционираат со полн капацитет, што според експертите ќе влијае на цената на гасот и нафтата и по завршувањето на војната.

Овие земји се едни од клучните снабдувачи на светот со нафта и природен гас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Дубаи има и најмалку 52 македонски фирми, ќе трпат ли и тие од кризата на Блискиот Исток

И најмалку 45 македонски граѓани таму имаат имот: Пазарот на недвижнини во Дубаи падна за 30%

Шпанија, Италија, Малта, Португалија и Хрватска ќе имаат корист од кризата на Блискиот Исток

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести