Муслиманите денеска го слават Рамазан Бајрам.
Станува збор за тридневен исламски празник кој означува крај на едномесечниот пост (Рамазан).
Главните обичаи се рано станување, облекување нова или најсвечена облека, бајрам-намаз (молитва) во џамија, посетување на гробишта на починатите членови од семејството, размена на подароци, помагање на сиромашните, дружење со роднини и пријатели, како и подготовка на богати трпези со баклава.
Празникот се смета за еден од петте столбови на Исламот и важи за празник за духовно и за телесно прочистување.














