Пратеничката група на опозициската СДСМ денеска поднела интерпелација за министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
Информацијата на Фејсбук ја соопшти пратеникот на СДСМ, и поранешен министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
Според него истата се темелела “на сериозни и алармантни причини: корупција и сомнежи за злоупотреба на функцијата, клиентелизам, промашени и штетни политики, селективна распределба на субвенции и целосен недостатоток на јасна стратегија, што доведе до уназадување на секторот и растечко незадоволство кај земјоделците“.
Фото: Влада














