Судијата од Апелациониот суд Скопје, Ѓоко Ристов, за кого денеска Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение за “Противправно стекнување и прикривање имот“ и “Перење пари и други приноси“, откако во домот на неговите родители во Неготино најде заѕидани 350 илјади евра, останува во куќен притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Неговата жалба за продолжување на притворот е одбиена од Апелациониот суд Штип, кој го потврдил решението на првостепениот суд за продолжување на мерката куќен притвор, информираа од Судот.
Парите кај неговите родители беа пронајдени откако беше уапсен поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, кој требало да делува кај него бизнисменот Љупчо Пецов – Ѓаволот да не оди во затворски притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил судијата Ѓоко Ристов, во чиј дом се најдени 350.000 евра, скриени во ѕид
На кои случаеви работел судијата Ѓоко Ристов во чиј дом беа најдени 350 илјади евра
Фото: Унсплеш














