Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска поднесе обвинение за судијата од Апелациониот суд Скопје, Ѓоко Ристов.
Како што е познато во ѕидот на домот на неговите родители во Неготино на 18. јануари годинава беа најдени 350 илјади евра, кои не ги имал пријавено и за кои немал доказ за нивното потекло.
Ристов е судијата на кој требало да влијае поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, за да издејствува бизнисменот Љупчо Пецов – Ѓаволот да не оди во затворски притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фехми Стафа преместен во затворот „Шутка“, за поткуп од 50 илјади евра се спогоди да лежи 15 месеци
Стафа призна вина за поткуп од 50 илјади евра и се спогоди со Обвинителството за затворска казна која веќе почна да ја отслужува.
Како што информираат од Обвинителството, парите во домот на родителите на Ристов, биле пронајдени спакувани во 13 поединечни пакувања, и тоа вкупно 610 банкноти во апоени од по 500 евра и 225 банкноти во апоени од по 200 евра.
Дел од нив биле со обележани рачно испишани износи на средствата, скриени во заѕидан простор во шуплините од цигли во ѕидот на една од собите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Викендицата ја нема во анкетниот лист на судијата Ѓоко Ристов
-Ова предизвика основано сомнение дека овој осомничен во периодот од 10.02.2020 година, како службено лице судија во Апелациониот суд Скопје, спротивно на законската должност за пријавување на имотна состојба или нејзина промена давал лажни податоци за својот имот и имотот на неговото семејство и не пријавил имот кој во големи размери ги надминува неговите законски приходи.
Од поведувањето на постапката јавниот обвинител презеде повеќе дејствија со кои обезбеди цврсти докази во однос на сопственоста на паричните средства, со што се потврдија елементите кои го исполнуваат битието на кривичното дело – Противправно стекнување и прикривање имот од член 359-а.
Имајќи го предвид доказниот материјал за располагање со имотот во периодот од 2020 година до денес, во корелација со начинот искористен за криење на пронајдените парични средства, се обезбедија докази кои укажуваат на обележја и на кривичното дело – Перење пари и други приноси од казниво дело од член 273 од Кривичниот законик, велат од Обвинителството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил судијата Ѓоко Ристов, во чиј дом се најдени 350.000 евра, скриени во ѕид
На кои случаеви работел судијата Ѓоко Ристов во чиј дом беа најдени 350 илјади евра














