Партијата Прогресивна Бугарија на поранешниот бугарски претседател Румен Радев, на вчерашните вонредни парламентарни избори, победила и во Македонија.
Според податоци кои ги објавија бугарските медиуми, повикувајќи се на бугарската Амбасада во Македонија, кај нас гласале 463 етнички Бугари.
Во Македонија според последниот попис има околу 3.500 етнички Бугари.
Партијата на Радев во земјава освоила 160 гласови, а втора била коалицијата Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија со 91 глас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Прогресивна Бугарија на Румен Радев победи на изборите во Бугарија
Фото: Унсплеш













