Прогресивна Бугарија на Румен Радев победи на изборите во Бугарија

Прогресивна Бугарија на поранешниот бугарски претседател Румен Радев победи на вонредните парламентарни избори во Бугарија.

Тој според последните податоци освоил над 44% од гласовите.

Втора е коалицијата Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија со околу 13,6% од гласовите, па следи ГЕРБ-СДС со околу 13,1%.

Четвртопласирана е партијата Движење за права и слободи со околу 5,8%, па следи партијата Преродба со 4,4% од вкупниот број на гласови.

Овие пет партии обезбедуваат сигурен влез во парламентот на Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радев победи и во Македонија

Фото: Кабинет на претседателката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести