Поранешниот судија Наќе Георгиев, кој се гонеше за мито, предвреме ќе излезе од затвор

Наќе Георгиев, поранешниот судија во Врховниот суд, кој беше осуден за мито од 15 илјади евра, предвреме ќе излезе од затвор.

Оваа следи откако Апелациониот суд Скопје му го уважил барањето за условен отпуст, па наместо три, ќе одлежи две години и два месеци затвор и ќе излезе летово.

Претходно за два месеци казната му била скратена и од Основниот кривичен суд Скопје.

Во затвор заврши откако се спогоди со Основното јавно обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во предметот за примање мито од синот на поранешниот градоначалник на Општина Ново Село, Боро Стојчев.

Тој се спогоди за казна затвор од три години, забрана за вршење професија, дејност или должност на службено лице во траење од три години и да ги врати парите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил поранешниот судија Георгиев, кој предвреме ќе излезе од затвор

Фото: Врховен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести