Гранит ги објави платите на надворешните членови на менаџментот

Во годишниот извештај за работењето лани објавен преку Македонската берза, Гранит АД Скопје меѓу друго информира дека на органите на управување и надзор им бил исплатен бруто износ од 73.637.633 денари на име надоместоци за плата, награда и надоместок за учество во органите на управување.

Кој е дел од менаџментот

Во Управниот одбор (УО) на компанијата е Зоран Милковски, кој е и генерален директор. Тој е и член на УО на Стопанската комора, како и на Надзорниот одбор (НО) на Евроинс осигурување АД Скопје.

Друг член на УО е Андреа Серафимовски, кој е е претседател на Здружението на градежници при Стопанската комора и член на нејзиното Собрание, како и потпретседател на Друштвото за градежни конструктори.

Во УО се и Страшо Милковски, кој е претседател на УО, Катерина Ѓердовска и Венко Зафиров.

-Месечните надоместоци за учество во органот на управување кои ги примаат членовите согласно одлуката на Надзорниот одбор претставуваат 115% од просечната месечна нето плата по работник во Гранит АД Скопје, исплатена во последните три месеци, стои во извештајот.

Во НО се Ивана Милковска Симева, која е претседател на НО, а исто така е и член на НО во Комерцијална Банка АД Скопје, како и Горан Марковски, кој ја вршеше фукцијата независен член на НО до мај 2025 година, по што поднесе оставка.

Нов независен член е Александар Стојков, редовен професор по економски науки, кој исто така е надворешен неизвршен член на Одборот на директори на Централниот депозитар за хартии од вредност, како и Виолета Божиноска.

-Месечните надоместоци кои ги примаат членовите на Надзорен одбор согласно одлуката на Собранието на акционери изнесува 115% од просечната месечна нето плата по работник во Гранит, исплатена во последните три месеци, стои во извештајот.

Колкави плати имаат надворешните членови

Зафиров, кој е независен член на УО на Гранит е вработен во фирмата Конер компјутери ДОО Скопје каде од својот работен однос остварува надоместоци во бруто износ од 947.410 денари (годишно), стои во извештајот.

Марковски, кој беше независен член на НО на Гранит, е вработен во КБ Публикум инвест АД Скопје, каде од својот работен однос остварува надоместоци во бруто износ од 6.898.486 денари (годишно).

Стојков, независен член на НО на Гранит, е вработен како редовен професор по економски науки на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде од својот работен однос остварува плата во бруто износ од 2.443.717 денари и надоместоци на плата во износ од 545.380 денари (годишно).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гранит ќе добие уште 80 милиони евра за автопатот Кичево – Охрид

Колкава дивиденда ќе дели Гранит

Страшо Милковски купи нови акции на Гранит

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести