Гранит ќе добие уште 80 милиони евра за автопатот Кичево – Охрид

Од Гранит АД Скопје преку Македонската берза информираа дека компанијата склучила Анекс бр.8 на подизведувачкиот Договор за градежни работи со изведувачот Синохидро подружница Скопје за секција 1 на автопат Кичево – Охрид во износ од 28.844.414 евра со краен рок на завршување на работите до 30.04.2027 година, како и Анекс бр.8 на подизведувачкиот Договор за градежни работи со Синохидро подружница за секција 2 на автопатот во износ од 51.395.969 евра со ист краен рок на завршување на работите.

Автопатот, кој се гради 12 години, треба целосно да биде пуштен на крајот на мај следната година, а неодамна Јавното претпријатие за државни патишта и кинескиот изведувач Синохидро склучија нов анекс, осми по ред, вреден 186 милиони евра.

Автопатот е долг 57 километри, Досега се пуштени околу 40 километри.

Вкупната инвестиција стигна до над 784 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Како изгледаат новите 17 километри од автопатот Кичево-Охрид

(Фото) По автопатот Кичево-Охрид ќе се патува и низ галерии

(Видео) Како изгледаат првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид, на потегот од Врбјани до Ботун

Фото: МТ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести