Сопственикот на Алта банка Битола ги купува Идеа маркети и уште четири фирми

Алта ретаил ДОО Белград, која е дел од Алта групацијата, која преку Алта банка АД Белград е сопственик на Алта банка АД Битола (поранешна Стопанска банка Битола), има намера да се стекне со целосна контрола над друштва во сопственост на акционерското друштво за управување Фортенова група од Загреб, Хрватска, информираа од македонската Комисија за заштита на конкуренцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Давор Мацура, кој е краен сопственик на Алта банка Белград, која е сопственик на Алта банка Битола

Како што информираат од Комисијата, Алта ретаил е новоосновано друштво, основано со цел спроведување на трансакцијата (SPV – друштво за посебна намена), и до денот на поднесување на пријавата нема никакви деловни активности, туку исклучиво служи за потребите на трансакцијата.

Истото е регистрирано со дејност на холдинг компании.

Преку Алта банка Битола, Алта групацијата во Македонија е присутна и во Пелагонија фајнанс ДОО Скопје, друштво во ликвидација.

Алта групацијата исто така неодамна стана нов сопственик на ЗОИЛ Македонија Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српска Алта група нов сопственик на ЗОИЛ Македонија Битола

Алта групација од Фортенова група сака да ги купи трговското друштво Идеа маркети ДОО Белград, трговското друштво М-профил СПВ ДОО Белград, трговско друштво за деловни услуги мСтарт бизнис солушнс ДОО Белград, трговското друштво Супер картица ДОО Белград и друштвото ЕННА фрут ДОО Белград, чиј единствен и 100% сопственик на уделите е Аривиера Фрут, друштво со ограничена одговорност за производство и трговија од Дуго Село Хрватска, кое е под контрола и во 100% сопственост на Фортенова група.

Фортенова Група пак е присутна во Македонија преку друштвото за производство, трговија и услуги Мерцатор ДООЕЛ Скопје, во ликвидација, со дејност неспецијализирана трговија на мало претежно со храна, пијалоци и тутун.

Сите овие друштва примарно се занимаваат со трговија на мало.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Алта банка, новиот сопственик на Стопанска банка Битола

Алта банка Битола доби нов Надзорен одбор, еве кои се новите членови

(Фото) Алта банка која сака да ја купи Стопанска банка Битола ќе гради кула „Алта“, каде ќе и биде новото седиште

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести