Алта банка Битола доби нов Надзорен одбор, еве кои се новите членови

На Собранието на акционери на Алта банка АД Битола, кое се одржи вчера, е донесена одлука за назначување на нови членови на Надзорниот одбор (НО) на Банката, информираа од таму преку Македонската берза.

Нови членови на НО се: Давор Мацура, дипломиран економист, кој е сопственик на Алта груп ДОО Белград, Србија и индиректен краен сопственик на Алта банка АД Белград, Уна Сикимиќ, дипломиран економист, која е претседател на Управниот одбор (УО) на Алта банка Белград, Татјана Куљак, дипломиран економист, исто така член на УО на Алта банка Белград, Вељко М. Мијушковиќ, дипломиран економист и професор на Економскиот факултет при Универзитетот во Белград, кој е именуван за независен член и Горан Коевски, професор на Правниот факултет „Jустинијан Први“ при Универзитет „Св. Kирил и Методиј“ во Скопје, исто така именуван за независен член.

Тие доаѓаат на местото на Гордана Гацева, која беше претседател и независен член на НО, Борислав Атанасовски, член, Стевчо Јолаковски, член, Игор Камбовски, член и Антони Пешев, кој беше независен член.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Давор Мацура, кој е краен сопственик на Алта банка Белград, која е сопственик на Алта банка Битола

Како работела лани Алта банка Битола

Државата веќе нема акции во Алта банка Битола, продадени акциите на Мијалков

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести