Откако утринава Израел и САД заедно го нападнаа Иран, од македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) апелира до сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел внимателно да ги следат официјалните национални портали за итни случаи и строго да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Израел и САД го нападнаа Иран
-Истовремено, апелираме до сите наши државјани да се воздржат од патувања кон земјите од овој регион сè до стабилизирање на безбедносната состојба, велат од таму.
Согласно информациите добиени од Амбасадата на Македонија во Тел Авив, воздушниот простор над Израел е затворен за цивилни летови до понатамошно известување.
Сите комерцијални влезни и излезни летови се суспендирани, без конкретна најава за обновување на редовниот воздушен сообраќај.
-Ги потсетуваме нашите државјани дека во случај на потреба од помош можат да се обратат на следните контакти:
Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив
Тел: +972 54 500 8566
Тел: +972 54 967 0546
Е-пошта: [email protected]
Министерство за надворешни работи и надворешна трговија
Тел: +389 75 273 732 / +389 75 268 736
Е-пошта: [email protected]
Министерството, преку Дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив, континуирано ја следи состојбата и навремено ќе ја информира јавноста за понатамошниот развој, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Ирански граѓани го слават нападот на Иран од страна на САД и Израел: “Го сакаме Трамп“














