Српска Алта група нов сопственик на ЗОИЛ Македонија Битола

Српската Алта група е нов сопственик на ЗОИЛ Македонија АД Битола.

Пред неколку месеци српската групација преку Алта банка АД Белград стана сопственик и на Стопанска банка АД Битола, која сега работи под името Алта банка АД Битола.

ЗОИЛ Македонија АД Битола, пак што информираат од групацијата, ќе се преименува во Алта Осигурување.

Алта група сега поседува 100% од бројот на акциите на ЗОИЛ Македонија Битола.

Во блок-трансакцијата, како што информираа од Македонска берза, групацијата за 1,7 милион евра купи 60 илјади акции на Друштвото.

Според објавата на Берзата, групацијата плати по 1.748,03 денари за акција, а вкупниот износ е 104.881.800 денари.

ЗОИЛ Македонија Битола е формирана во октомври 2023 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Давор Мацура, кој е краен сопственик на Алта банка Белград, која е сопственик на Алта банка Битола

Која е Алта Гроуп која сака да ја преземе Стопанска банка Битола

(Фото) Алта банка која сака да ја купи Стопанска банка Битола ќе гради кула „Алта“, каде ќе и биде новото седиште

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести