Изградбата на автопатот Кичево-Охрид, дел од Коридорот 8, кој се гради над 12 години, веќе не се финансира од заемот на кинеската банка „Ексим“.
Информацијата ја соопшти премиерот Христијан Мицкоски и најави дека автопатот ќе биде завршен со пари од домашни банки.
Тој информираше дека поради тоа имало застој во финансирањето, но проблемот бил надминат и бил формиран синдикат од домашни банки со исклучително поволни услови. Тие ќе го дозавршиле финансирањето на автопатот.
Автопатот треба целосно да биде пуштен на крајот на мај следната година, а неодамна Јавното претпријатие за државни патишта и кинескиот изведувач „Синохидро“ склучија нов анекс, осми по ред, вреден 186 милиони евра.
Автопатот е долг 57 километри, Досега се пуштени околу 40 километри.
Вкупната инвестиција стигна до 784 милиони евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Како изгледаат новите 17 километри од автопатот Кичево-Охрид
(Фото) По автопатот Кичево-Охрид ќе се патува и низ галерии
Фото: МТ














