Водата во Гостивар ќе се хлорира со повисока концентрација на хлор, се очекува нејзина употреба од следната недела

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој е дел од Управувачкиот комитет за состојбата со епидемијата предизвикана од водата во градскиот водовод во Општина Гостивар, денеска од Гостивар изрази надеж дека до крајот на оваа или почеток на наредната недела градот и околината ќе имаат техничка вода, а до крајот на наредната недела и вода за пиење.

Емилија Аневска од ЈП „Водовод и канализација“ рече дека е започнато хлорирање со повисока доза на хлор којашто е согласно Правилникот за безбедност на вода за пиење предвидено во вакви кризни состојби, со концентрација којашто е малку повисока од вообичаената, но е секако безбедна.

„Ние како претпријатие и како лабораторија којашто е акредитирана ќе продолжиме во текот на следните денови континуирано да земаме примероци од истите локации со цел да имаме увид како ќе се одвиваат и какви ќе бидат резултатите.

Сè дури не констатираме дека водата ќе биде исправна за пиење, ќе го продолжиме со истиот процес. Оној момент кога водата ќе биде санитарно и безбедна за пиење, ќе биде известен Кризниот штаб“, изјави Аневска.

Таа додаде дека пред два дена биле земени девет примероци, од кои три се од каптажите со цел да видат со каков ресурс располага Општина Гостивар. ​

Шест од примероците кои што се земени низ локации во Општина Гостивар се хемиски неисправни, има отстапување во однос на резидуалниот хлор, додека кај сите е забележано и отстапување во микробиолошката неисправност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Водоводниот систем во Гостивар ќе се хиперхлорира, а водата секојдневно тројно ќе се тестира

Колку загадена вода пиеја гостиварчани три недели

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести