Анализата на водата од градскиот водовод која ја направи Институтот за јавно здравје, а од која детали објави Основното јавно обвинителство Гостивар покажа дека жителите на Општина Гостивар и дел од околните села дури три недели пиееле вода со бактерии за 48 пати над дозволеното.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поради тоа, како што е познато најмалку 3.100 граѓани побраа медицинска помош (се препоставува дека бројот е поголем, бидејќи не сите граѓани побарале помош), а во Општината беше прогласена епидемија на заразна болест.
Анализата покажаа дека водата земена од каналот со површинска вода содржи екстремно повеќе бактерии од дозволеното – 2.419,6 бактерии на секои 100 мл наспроти дозволени 50.
Се работи за колиформни бактерии кои најчесто живеат во цревата на луѓето и топлокрвните животни, а нивни претставник е Ешерихиа коли.
Во примерокот од водата од изворот кој ги снабдува граѓаните со вода за пиење пак биле откриени 39 бактерии, а истата треба да биде стерилна, односно дозволена граница за колиформни бактерии е 0.
Во примерокот од трето место пак е регистрирано преголемо присуство на хлор. Измерени се 1,1 мг/л, а дозволено е максимум 0,5 мг/л.
Присуството на колиформните бактерии значи дека во водата влегла нечистотија, најчесто поврзана со фекалии или отпадна вода. Таму каде има колиформни бактерии, потенцијално може да има и вистински опасни бактерии или вируси.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Градоначалникот на Гостивар не чувствува лична одговорност за епидемијата во Општината
Фото: Унсплеш














