По прогласувањето на епидемија на заразна болест, откако над 3.000 граѓани беа затруени од вода во Општина Гостивар, денеска е приведена в.д. директорката на Јавното претпријатие за комунални дејности (ЈП) „Комуналец“ во Гостивар, Артана Асани, од селото Здуње.
Таа од страна на градоначалникот на Општината, Валбон Лимани, е суспендирана од работа.
Заедно со нејзе се приведени уште двајца нејзини соработници – В.Д., шеф на „Водовод и канализација“ и Л.Н., техничкиот директор на ЈП „Комуналец“.
И тие се суспендирани од работа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Никој не ги објавува резултатите за водата во Гостивар
Градоначалникот на Гостивар не чувствува лична одговорност за епидемијата во Општината
Дури 3.100 лица побарале медицинска помош во Општина Гостивар
Видео: МВР














