Бројот на лица кои најверојатно се затруја од загадување на водата во Општина Гостивар се зголеми на околу 3.100 лица.
Заболените се од различни возрасни групи, а симптомите се појавувале во различни денови, информираше денеска министерот за здравство Сашо Клековски, кој уште еднаш ја исклучи храната како причина за масовното труење, поради што во Општината вчера беше прогласена епидемија на заразна болест.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Прогласена епидемија на заразна болест во Општина Гостивар
Лицата се на возраст од една до 80 години.
Моментално се хоспитализирани четири лица, тројца возрасни и едно дете.
Пациентите најчесто се третираат поради дехидрација и стомачни проблеми, а поретко поради покачена температура и треска. Кај сите се вршат лабораториски испитувања, а кај дел од нив се направени и дополнителни испитувања.
Првите случаи биле пријавени на 13. јули, по што бројот почнал да расте секојдневно, иако проблемот се претпоставува дека постоел и претходно.
Бројот на пријавени случаи е значително помал од реалниот број граѓани кои имале симптоми или сомневање за труење.
Водата во Општината и понатаму останува забранета за пиење или било каква употреба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Никој не ги објавува резултатите за водата во Гостивар
Градоначалникот на Гостивар не чувствува лична одговорност за епидемијата во Општината
Фото: МЗ














