40-годишен маж од Пробиштип вознемирувал две сестри и мајка, и со електрошок два пати изнудил пари во износ од 110.000 денари.
Станува збор за Ј.Ј. и против него Министерството за внатрешни работи (МВР) поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“.
Според информациите од полицијата, на 03.07.2026 година пријавениот подолг временски период ја вознемирувал В.Н., нејзината сестра и мајка ѝ, со закани и употреба на електрошок во два наврати изнудил вкупно 110.000 денари.
Фото: Unsplash














