До петок под влијание на серија на влажни и нестабилни воздушни маси, времето ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, информираа од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град.
Во петок ќе има пообилни врнежи од дожд.
Поради продор на постудена воздушна маса од север, температурата значително ќе опадне.
Фото: Unsplash














