Владата на седница донесе одлука за намалување на акцизите на бензините и дизел-горивото.
Според проценките на Владата мерката треба да придонесе за помало поскапување на горивата во однос на цените што би се формирале без интервенцијата.
Од таму посочуваат дека во изминатиот период е евидентен висок просек на котациите на суровата нафта и нафтените деривати на светските пазари, а со одлуката како што велат од таму, ќе се овозможи да се амортизира дел од ценовниот раст.
Фото: Унсплеш














