Која е Артана Асани, директорката на ЈП „Комуналец“ – Гостивар, која ќе одговара за тешки дела против животната средина и природата

Артана Асани, в.д. директорката на јавното претпријатие за комунална дејност ЈП „Комуналец“ – Гостивар е во фокусот на јавноста откако беше приведена вчера, а од Основното јавно обвинителство Гостивар соопштија дека таа заедно со уште двајца раководители од претпријатието, ќе одговараат за “Тешки дела против животната средина и природата предизвикани со дејствија на Загадување на вода за пиење“.

Оваа следи откако поради труење на водата во гостиварскиот водовод најмалку 3.100 лица побраа медицинска помош, а во Општината беше прогласена епидемија на заразна болест.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Две пумпи три недели внесувале загадена вода во гостиварскиот водовод: Директорката на „Комуналец“ и двајца раководители ќе одговараат за тешки дела против животната средина и природата

Како што информираа од Обвинителството две пумпи по налог на раководството на „Комуналец“ – Гостивар дури три недели внесувале загадена вода во градскиот водовод.

Таа заедно со В.Д., шеф на „Водовод и канализација“ и Л.Н., техничкиот директор на ЈП „Комуналец“, со штетна матeрија ја направиле неупотреблива водата за пиење во преливната комора на системот кој ја снабдува со вода Општината Гостивар и дел од околните села.

Вчера беа приведени и раководителите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Приведена Артана Асани, директорката на гостиварски „Комуналец“, градоначалникот ја суспендираше

Која е Асани

Родена е на 6. јуни 1987 година во Дебар.

Основното и средното образование ги завршила во Дебар.

Во 2009 година дипломирала на Факултетот за бизнис администрација при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

Во 2010 година се вработила во „Комуналец“ – Гостивар како референт за јавни набавки.

Во 2020 година го добила звањето Раководител на секторот за заеднички работи.

Во 2021 година се стекнала со звањето Магистер по економија на Универзитетот во Приштина.

Во јуни 2025 година е именувана за в.д. директорка на „Комуналец“ – Гостивар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку загадена вода пиееја гостиварчани три недели

Градоначалникот на Гостивар не чувствува лична одговорност за епидемијата во Општината

Дури 3.100 лица побарале медицинска помош во Општина Гостивар

Фото: ЈП „Комуналец“ – Гостивар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести