Кој е Агон Ферати, новиот министер за односи меѓу заедниците

Агон Ферати е нов министер за односи меѓу заедниците.

Тој е кадар на Вреди, а функцијата ја презеде од Иван Стоилковиќ, од Демократската партија на Србите, кој сега е министер за локална самоуправа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Иван Стоилковиќ, новиот министер за локална самоуправа

еМагазин во серијал ќе Ви ги пренесе биографиите на старо-новите министри.

Кој е Ферати

Ферати е магистер по бизнис администрација. Магистрирал на Универзитетот на Југоисточна Европа.

Завршил и специјализација за одржливи, отпорни и инклузивни јавни услуги на Универзитетот во Лунд, Шведска.

Зборува и англиски јазик.

Работно искуство

Од 2012 година до сега ја извршувал функцијата советник за управување со проекти финансирани од Европската унија (ЕУ) во Одделот за локален економски развој во Општина Тетово.

Од 2023 до 2024 година работел како експерт за ЕУ Поглавје 8 – Политика на конкуренција во УНОПС – Австрија во канцеларијата во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Борче Серафимовски, новиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Кој е Јетон Шасивари, новиот министер за правда

Кој е Сашо Клековски, новиот министер за здравство

Фото: Фејсбук/Ферати

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести