Јетон Шасивари, и официјално е новиот министер за правда.
Тој ја презеде функцијата од Игор Филков, кадар на ЗНАМ.

Јетон е пак кадар на Вреди.
еМагазин во серијал ќе Ви ги пренесе биографиите на старо-новите министри.
Кој е Шасивари
Тој моментално е редовен професор по уставно право на Универзитетот на Југоисточна Европа (УИЕ) во Тетово.
Шасивари е доктор по правни науки во уставноправната област.
Додипломски студии завршил на Правниот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј„ во Скопје.
Магистрирал на Правниот факултет во Приштина, Косово.
Докторирал на Правниот факултет при УИЕ во Тетово.
Од 2002 година е вработен на Правниот факултет при УИЕ Тетово, прво како помлад асистент, па асистент, а потоа и како професор.
Тој е и предавач на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.
Бил и надворешен советник на поранешниот претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери од ДУИ, во рамки на дијалогот „Жан Моне“ за подготовка на нов Деловник во периодот од 2021 до 2023 година.
Зборува и англиски, српски, хрватски, босански и турски јазик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Борче Серафимовски, кој ќе биде новиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
Кој е Сашо Клековски, кој ќе биде нов министер за здравство
Кој е Седат Сулејмани, кој ќе биде нов министер за култура и туризам
Фото: Министерство за правда














