Татјана Димитровска, поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), доби условна казна затвор за оддавање службена тајна од осум месеци, и за компјутерски фалсификат, од шест месеци, или единствена условна казна затвор од една година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Таа беше второобвинета во случајот, затоа што на обвинето лице во друг случај познат како „Адитив“ му давала податоци во врска со случајот, кои што согласно закон се сметаат за службена тајна.
Кога беше проверуван нејзиниот мобилен телефон во врска со првото обвинение, беше откриено и дека друго лице вработено во Државниот завод за ревизија, додека работела таму, положило испит во нејзино име.
еМагазин го разгледа нејзиниот анкетен лист, кој го доставила до Антикорупциска кога станала претседателка на ДКСК.
Каков имот пријавила
На свое име пријавила стан во скопска Кисела Вода.

Во истата општина пријавила и стан на сопругот, кој е подарок.
Вози “фолксфаген голф“, а на име на сопругот пријавила уште едно возило.
На свое име има три кредити. Едниот е од 4,1 милиони денари, кој треба да го врати до 2041 година, другиот е од 1,3 милиони денари, кој треба да го врати до 2032 година и третиот е од 750 илјади денари, кој треба да го врати исто така до 2032 година.

Кредит пријавила и на име на сопругот, од 1,9 милион денари, кој треба да се врати до 2033 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Осомничената за „Адитив“ претседателка на Антикорупциска има плата од 139.500 денари
Фото: Унсплеш














