ЈП„Комунална хигиена“ работи во загуба, кубури со кадар и 60% од возилата се вон употреба

Државниот завод за ревизија во ЈП „Комунална хигиена“-Скопје евидентира неповолен однос меѓу приходите и расходите, негативна профитабилност (загуба), намалена ликвидност, како и влошена деловна ефикасност изразена преку продолжен период на наплата на побарувањата (140 дена) и зголемен период на плаќање на обврските (108 дена).

„Поради високото ниво на обврски од 736.948 илјади денари, односно 11.982.894 евра и намалената ликвидност, претпријатието се соочува со доцнење во плаќањата кон добавувачите, што резултира со камати, казни и ризик од блокада на сметките, кои ги продлабочуваат загубите и ги ограничуваат инвестициите во возен парк, опремаи инфраструктура, што долгорочно ја намалува ефикасноста и ја зголемува зависноста од кредити и субвенции од една страна и ризик за квалитетот, навременоста и континуитетот на давањето на услугите,“ велат од Државен завод за ревизија.

ДЗР утврди високо ниво на нефункционалност на возниот парк (околу 60% возила вон употреба), односно од вкупно 189 специјални комунални возила со кои располага претпријатието, само 76 се во возна состојба, додека 80 се неисправни и 33 се хаварисани, или 113 возила се нефункционални, со просечна старост од 15 години и намалена способност за генерирање економски користи.

Поради необезбедена согласност на Годишните планови за вработување од страна на основачот, јавното претпријатие во 2024 година, преку приватна агенција за вработување, има ангажирано 354 лица, даватели на услуги, административни службеници и помошно технички персонал и евидентирано расходи во износ од 185.680 илјади денари односно 3.019.187 евра, што укажува на непостојаност на човечките ресурси кои треба да ги извршуваат редовните работни задачи во претпријатието.

Фото/ЈП „Комунална хигиена“-Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести